Ѓоковиќ го совлада Шаповалов за седмо финале на „Вимблдон“

Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Денеска во вториот полуфинален меч на грен слем турнирот „Вимблдон“ првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ со резултат 3:0 во сетови 7:6, 7:5 и 7:5 го совлада Денис Шаповалов од Канада.

Српскиот тениски ас в недела ќе игра за својата шеста грен слем титула во Лондон, а противник ќе му биде Италијанецот Матео Беретини кој претходно го елиминираше Хуберт Хуркач.

Првиот играч на светот е во финалето на „Вимблдон“, а до 20 победа по ред на славниот грен слем стигна преку Шаповалов.

Доколку в недела Ѓоковиќ оствари триумф ќе дојде до 20 грен слем титула и на тој начин ќе се израмни на врвот на вечната листа со Рожер Федерер и Рафаел Надал.

Србинот ќе го игра седмото финале на „Вимблдон“, досега петпати го освојуваше во 2011, 2014, 2015, 2018 и 2019 година, а загуби еднаш во 2013 година.

В сабота е закажано женското финале во кое силите ќе ги одмерат Ешли Барти (Австралија) и Каролина Плишкова (Чешка).

„Вимблдон“: Ивановски се бореше и повреден, на крајот елиминиран од Џонс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот