Гир: Земјава се движи во правилна насока, да се зголеми темпото во реформите за владеење на правото

Дејвид Гир
Дејвид Гир / Фото: МИА

Се надевам дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи што е можно поскоро. Сега е потребно земјите-членки да ја договорат финалната верзија на преговарачката рамка, којашто практично ја отвора вратата да се започне со преговарање, вели новиот евроамбасадор во Северна Македонија Дејвид Гир, во ексклузивното интервју за МИА, коешто е негово прво по преземањето на функцијата.

На прашањето дали меморандумот на Бугарија, со кој се условува преговарачкиот процес на земјава, евентуално би го одложило одржувањето на првата меѓувладина конференција, Гир за МИА вели дека во моментот земјите-членки дебатираат за преговарачката рамка, тоа е внатрешен процес на Унијата и оти не може да ги коментира внатрешните дискусии на земјите-членки.

Гир ги оцени Преспанскиот договор и Договорот за пријателство со Бугарија како позитивни примери не само во регионот, туку и пошироко. – Многу е важно да се продолжи со имплементација овие билатерални договори во добра атмосфера, вели новиот евроамбасадор во Северна Македонија Дејвид Гир, во интервјуто за МИА.

Евроамбасадорот Гир доаѓа од Европската служба за надворешно дејствување (ЕЕАС) на Европската Унија, каде беше на чело на Секторот за политика за санкции. Тој 25 години работи во ЕУ на позиции поврзани со надворешната политика, особено со земји од Источна Европа.

Со евроамбасадорот разговаравме и за напорите на Владата во реформите што треба да ги имплементира во борбата против корупцијата, владеењето на правото, за новиот голем пакет финансиска помош на ЕУ за регионот за справување со последиците од кризата предизвикана од Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот