Германскиот бренд „Кемпа“ е нов спонзор на РК Вардар

Извршниот директор на РК Вардар, Борко Ристовски со главниот за спонзорства во „Кемпа“/фото: rkvardar.com.mk

Од следната сезона познатиот германски спортски бренд „Кемпа“ ќе биде официјален клупски партнер за спортска опрема на ракометниот клуб Вардар. Договорот меѓу Вардар и Кемпа денеска беше потврден со присуството на Тим Гротхаус, главниот за спонзорства во „Кемпа“ на прес конференцијата во Скопје.

Соработката меѓу 15-кратниот шампион на Македонија и двоен европски првак, и германскиот бренд е на три години, и сите категории во клубот, од најмладите категроии во клубот, до сениорскиот тим, сите ќе ја носат опремата од брендот „Кемпа“. Истото се однесува и за топките со кои ќе игра Вардар во следните сезони.

– Чест и задоволство е што успеавме да споиме два бренда во една соработка. Соработката со Кемпа носи многу за Вардар. Ова е тригодишен договор, пријателски, спонзорски, и на долги патеки соработка. На изглед носи соработка која ќе биде како додадена вреднос – изјави Борко Ристовски, извршниот директор на Вардар.

Германскиот бренд верува дека со Вардар ќе имаат успешна и долгорочна соработка. Тие соработуваат со повеќе ракометни репрезентации кои играа на последното ЕП во Германија, и со повеќе тимови од Бундеслигата и во други земји.

– Особено ми е драго и чест што можеме денеска да ја потврдиме нашата соработка со најдобриот македонски ракометен и спортски бренд Вардар. Во следните години Кемпа ќе биде официјалниот снабдувач со спортска опрема на Вардар, за сите нејзини членови, од најмладите, па сè до сениорскиот тим, и истовремено дел од клупските пријатели. Среќни сме што Вардар влегува во семејството на Кемпа. Верувам дека нашата соработка ќе биде долгорочна и плодна, исполнета со многу успеси на кои заеднички ќе се радуваме. Нашата визија да бидеме со најдобрите и да се прошируваме на нови места, ни се исполни со оваа соработка со Вардар – рече Тим Гротхаус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот