Германски ракометар заклучен во тоалет за време на натпревар

Ниту ракометарите ниту селекторот на Германија пред стартот на второто полувреме против Белорусија не приметија дека им недостасува еден од најдобрите играчи.

Ракометната репрезентација на Германија без никакви проблеми ја совлада Белорусија со 31:23 и ја оствари првата победа во втората фаза на Европско првенство. на полувремето Германците имаа седум гола предност, а колку беа фокусирани во продолжението доволно говори податокот што не приметија дека им недостасува еден ракометар.

Станува збор за Јулиус Кун кој беше втор најдобар стрелец во победата над Белорусија, кој предолго се задржал во тоалетот и остана заклучен во соблекувалната.

– Кога излегов од тоалетот веднаш ми стана јасно дека нешто не е во ред, си помислив „сите се многу тувки“. Одеднаш сфатив дека нема никој и дека вратат на соблекувалната беше заклучена. Ме фати паника и почнав да тропам, но за среќа еден од чуварите ме слушна и ми ја отвори вратата. Стигнав на почетокот од второто полувреме. Директорот на репрезентацијата, Оливер Рогич ми се извини и ми рече дека вакво нешто повеќе нема да се повтори – изјави Кун.

Интересно е што и селекторот Кристијан Прокоп не примети дека му недостасува еден ракометар на почетокот од второто полувреме.
– Можеби не би требалода го кажам ова на глас, но не приметив дека ни недостасува – изјави Прокоп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот