Германската Влада со девет милијарди евра ја спасува Луфтханза

Луфтханза се соочува со најголемата финансиска криза во својата историја, како резултат на пандемијата на коронавирусот.

Германската Влада и водечкиот германски авиопревозник Луфтханза постигнаа договор за помош во вредност од девет милијарди евра, соопштија денеска два владини извори, пренесува Хина.

Договорот, начелно ќе го следи планот според кој компанијата ќе ги добие средствата за надминување на економските последици од корона-кризата, додека Владата ќе добие 20 отсто сопственички удел.

Предлогот го состави владината комисија, врз основа на законот за основање фонд за стабилизација на економијата. Клучна точка од договорот е дека врз основа на 20 отсто удел Владата нема да стекне право на глас во акционерското собрание, кој би и овозможил блокирање на клучните одлуки на управата.

Луфтханза се соочува со најголемата финансиска криза во својата историја, како резултат на пандемијата на коронавирусот, за време на која беше принудена да приземји околу 90 проценти од своите авиони. Во еден момент, фирмата имаше загуби од околу 800 милиони евра месечно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот