-8 C
Скопје

Германија веќе се подготвува за нова пандемија

Германија има намера да основа 19 магацини со заштитна опрема, маски и апарати. Со тоа, таа сака да биде поподготвена за идните пандемии. Експертите предупредуваат дека мора да се води грижа за квалитетот на производите, пишува Дојче веле.

Министер за здравство Јенс Спах (ЦДУ) смета дека тешката состојба со заштитната опрема не треба да се случи повторно.

Пролетта кога стана јасно дека Германија мора да се подготви за голем број на инфекции и интензивно лекување, одеднаш се покажа дека има недостаток на заштитни маски, заштитна опрема и респиратори во ординациите на лекарите, болниците, домовите за стари лица и изнемоштени лица.

Неколку недели, дури и наједноставните заштитни маски за еднократна употреба не можеа да се најдат никаде, беа достапни само преку Интернет и тоа по многу високи цени. Тогаш федералната влада се вклучи во набавка на заштитни маски и донесе одлука за стимулации за домашните производители. По некое време побарувачката беше исполнета.

Прочитајте и...  Теохарис: Вакцинацијата не треба да биде предуслов за патување

Сепак, сојузната влада во иднина сака да биде поподготвена за ваквите предизвици.

Затоа Федералната влада донесе одлука оваа недела државните залихи да бидат основани до крајот на следната година. Најпрво ќе се складираат купените маски, потоа ќе бидат надополнети со домашно производство. Залихите би требало да бидат доволни за еден месец.

-Во случај на вонредна состојба, ќе им помогнеме на оние кои работат во болниците, домовите за стари и изнемоштени лица и ординациите. Добрата здравствена заштита не треба да пропадне поради недостаток на одреден материјал- вели министерот Спах.

Поврзани вести

ВИДЕО | Последен говор на Трамп: Не го спомена Бајден, ама нагласи дека е прв претседател кој не почнал војна

Слободен печат

ВИДЕО | Бајден не можеше да ги скрие солзите пред своите сограѓани: Извинете за емоциите, сакам само покојниот син да беше тука

Слободен печат

Ердоган најави радикални реформи во економијата и судството

Слободен печат

Усвоен планот за распределба на административните службеници во земјава

Слободен печат

Помпео: Мултикултурализмот не е својствен за Америка

Слободен печат

Јанша: Вакцинација на 70 отсто од населението во Словенија до почетокот на летото

Слободен печат

Остави Коментар