Германија ја надмина границата од три милиони заразени со коронавирус

Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Германија ја премина границата од три милиони заразени со коронавирус, покажуваат денешните податоци објавени од институтот Роберт Кох.

Вкупниот број на потврдени случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата е 3.011.000, односно 13.245 новоинфицирани во споредба со претходниот ден, наведува институтот, додека од последиците на Ковид-19 досега починале 78.452 лица.

Покрај тоа, дневната стапка на инфекција во последните седум дена е 136,4 на 100,000 жители, што е над границата и што во принцип треба да доведе до заострување на мерките. Германските власти посветуваат посебно внимание на овој параметар кога донесуваат одлуки за усвојување на анти-епидемиски мерки.

Викендов, на состанокот со пратеници од нејзината партија, канцеларката Ангела Меркел повторно повика на строга форма на „локдаун” во целата земја, пренесува Бета.

Германската Влада планира утре да ги заостри прописите за национални анти-ковид мерки за да може да воведе „затворање” во целата земја, вклучително и ноќен полициски час, а притоа избегнувајќи отпор на локално или регионално ниво. Овој амандман на постојниот закон го крши табуто во Германија, каде федералистичкиот систем на управување им дава важни овластувања на регионите во областа на здравството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот