Германија до Приштина: Косово да ја формира Заедницата на српски општини

косово србија
George Mdivanian / Panthermedia / Profimedia

Германската амбасада во Косово цени дека е „жално што има многу ограничен напредок“ во правец на имплементацијата на Основниот договор од Брисел и анексот за имплементација од Охрид, постигнати минатата година меѓу Косово и Србија.

Во изјава за медиумите на групацијата „Коха“, шефот за култура, медиуми и комуникација во германската амбасада, Кристијан Бочер вели дека Косово треба да ја формира Заедница на општини со српско мнозинство во Косово, за да се избегне евентуална нова ескалација на северот на земјата.

„Косово треба да го направи следниот чекор со формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство, со цел да се избегне секаков вид на ескалација на северот. Битно е да се доближи српската заедница во Косово и таа да се вклучи во процесите“, вели Бочер.

Тој, исто така, го критикува „избрзаното спроведување на регулативата“ на Централната банка на Косово (ЦБК), со која се забранува употребата на српскиот динар во земјата.

„Она што во моментов го гледаме со избрзаното спроведување на регулативата на ЦБК е спротивно на едно сеопфатно владеење. Со оглед на тоа што и претседателот (на Србија, Александар) Вучиќ и премиерот (на Косово, Албин) Курти вербално го прифатија договорот и неговата имплементација пред високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, ние го сметаме тој договор за правно обврзувачки“, порача Бочер.

Тој нагласува дека Европската унија, а исто така и Германија, продолжуваат да очекуваат „политичка волја и потребната флексибилност од двете страни за имплементација на заеднички договорените спогодби во Брисел и Охрид“.

„Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, вчера повторно истакна дека Косово и Србија нема да напредуваат на патот кон членство во Европската унија, доколку не постигнат напредок во спроведувањето на Договорот од минатата година, како и на сите договори. Продолжуваме да ги поддржуваме сите аспекти кои ќе бидат добри за Косово, но и за Србија и за целиот регион, бидејќи значително ќе го забрзаат патот на двете земји кон посакуваното членство во ЕУ“, рече Бочер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот