Германците смислија генијална идеја како да имаат поддршка од трибините

twitter/B/R Football

Бундеслигата се очекува да продолжи наредниот месец, а екипата на Келн смисли генијална идеја која наиде на воодушевување кај навивачите.

Германската Бундерслига доби зелено светло да продолжи наредниот месец, по што екипи почнаа да размислуваат како да ја добијат поддршката од навивачите иако натпреварите ќе се играат пред празни трибини.

Екипата на Келн која ги има едни од најверните и најдобрите навивачи во Германија, смисли генијална идеја како да ја добие поддршката од своите фанови.

Дури 80.000 членови на клубот наскоро ќе добијат писмо од клубот во кој се информираат дека бара од 25.000 навивачи да дадат свој личен предмет како дрес, навивчки шал, знаме или друг реквизит кој ќе биде дел од кореографијата на „РајнЕенерџи“ стадионот.

– Се надеваме дека многу навивачи ќе ни испратат свои дресови, шалови или други предмети за да можеме да ги ставимне на нашиот стадион за време на натпреварите – изјави Александер Верле, директор за менаџмент во Келн.

Планот на управата на Келн е навивачката кореографија да биде присутна на натпреварите против Мајнц, Фортуна Дизелдорф, Лајпциг, Унион Берлин и Франкфурт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот