ГЕРМАНЦИТЕ СЕ ОСЛОБОДУВААТ ОД 350.000 ДИЗЕЛИ: „Сите ми кажуваат, испрати ги на Балканот“

По скандалот со Фолксваген во кој беше откриено дека компанијата мамела со податоците за емисијата на јаглерод диоксид на повеќе од 11 милиони дизел возила, се повеќе и повеќе европски градови наметнуваат ограничувања или забрани за дизел возила, што им штети на дилерите на користени автомобили во Германија, јавува „Дојче веле“.

– До неодамна, продажбата на дизел возила одеше одлично, а сега не можам да се ослободам од нив заради овие забрани. Еве, Пасат дизел, со ЕУРО 6, нов автомобил кој нормално чини 28.000 евра, денес не можам да го продадам за 21.000 евра – вели Акајгун Хасан, сопственик на плац за половни автомобили во Германија.

Според германското здружение на дилери на автомобили, тригодишен дизел автомобил, со поминати 45.000 километри, изгубил половина од својата вредност, па сега во рацете на дилерите на возила има 350.000 вакви автомобили, со вкупна вредност од вкупно пет милијарди евра, за кои не може да се најде купувач.

Германците сè помалку купуваат дизел автомобили заради забраната, односно ограничувањата, т.н. еколошки зони, кои се воведени во околу 50 германски градови во последниве години. На пример, на дизел возилата им е забрането влегување на две улици во центарот на Штутгарт и три улици во Хамбург, а според најавите, забраните ќе бидат уште поригорозни во иднина. Според информациите по истите стапки се движат Милано и Лондон.

„Сите ми кажуваат – носете ги тие автомобили на Балканот, извезете ги во овие земји, иако имаат поминато 300.000 километри, тие можат уште толку – раскажува еден трговец.

Ова е веројатно она што го прават германските дилери на автомобили. Во 2018 година, извозот на користени автомобили на пазарите во Источна и Југоисточна Европа од Германија беше 226.000 возила, што е двојно повеќе од 2013 година, пред скандалот со Фолксваген, кога беа извезени 142.000 примероци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот