Гејтс: САД наскоро ќе почнат да даваат вакцини на другите земји

epa07724097 Melinda Gates, Co-Chair of the Bill and Melinda Gates Foundation, arrives for a meeting on the second day of the G7 Finance Summit in Chantilly, France, 18 July 2019. EPA-EFE/IAN LANGSDON

Мелинда Гејтскоосновачка на една од најголемите добротворни организации во светот, смета дека властите во САД мошно скоро ќе донесат одлука колку од своите резерви на вакцини може да донираат на другите земји на билатерална основа и во рамките на глобалната иницијатива Ковaкс. 

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, Гејтс кажа дека не треба да се чека додека биде вакцинирано целото население на САД и дека американските власти ја сфаќаат неопходноста од вакцинација на целиот свет за запирање на пандемијата. 

Бил и Мелинда Гејтс делат богатство од 130 милијарди долари, но еве зошто на децата им оставаат „речиси ништо“

-Мислам дека властите на САД ги оценуваат своите резерви на вакцини и решаваат колку треба да се даде во рамките на Ковaкс или на билатерална основа, затоа сметам дека ќе набљудуваме некакви движења во тој правец, изјави Гејтс во интервју за денешен Фајненшал тајмс.

Интервјуто е направено пред денешната објава дека Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат. 

За разводот на Мелинда и Бил Гејтс се огласи и нивната ќерка Џенифер: Ова беше предизвик за целото наше семејство

Според неа, богатите земји не треба да чекаат да биде вакцинирано целото население се до малолетниците, па потоа да ги споделуваат дозите со посиромашните земји со понизок стандард. Таа предлага да се направи некаков возрасен дијапазон, од 20 до 30 години.

Мелинда Гејтс истакна дека треба да се засили предавањето на технологија за производство на вакцините.

Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат

-Моментално, главниот прoблем е поврзан со производството. Немаме доволно ресурси за производство, нема доволно капацитет во местата каде што треба, а земјите кои имаат свое производство прават резерви на вакцините. Тоа треба да се смениизјави таа. 

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс е една од највлијаталните организации во светот на здравството на глобално ниво и лани издвои околу 1.75 милијарди долари за борба против Ковид-19. Сопружниците раководат со фондацијата заедно. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот