„Газета“: Ериксен „спакуван“ за 18 милиони евра!

twitter.com/managingmadrid

Цената е толку „ниска“ поради фактот што Данецот има договор со премиерлигашот уште половина година и наредното лето би можел бесплатно да си оди од клубот.

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен ќе ја продолжи кариерата во милански Интер, пишува „Газета дело Спорт“. Веќе неколку пати во изминатиот период досегашниот играч на Тотенхем, Ериксен сериозно се поврзува со трансфер во дресот на „неро-аѕурите“.

Одличниот фудбалер за врска веќе долг период е желба на клубот од „Џузепе Меаца“, а неговиот трансфер се очекува да изнесува 18 милиони евра.

Цената е толку „ниска“ поради фактот што Данецот има договор со премиерлигашот уште половина година и наредното лето би можел бесплатно да си оди од клубот, како слободен играч.

Од таа причина, челниците на лондонската екипа одлучија да го пуштат за било каква отштета. Останува уште само 27-годишниот Ериксен, кој беше голема желба на ПСЖ и Реал Мадрид, да ги договори личните услови со Интер.

Доколку се реализира трансферот, миланскиот тим ќе добие големо засилување во битката против Јувентус за титулата во Серија А.

Ериксен својата професионална кариера ја започна во Ајакс, каде што помина три години, а за сума од 13.500.000 милиони евра се пресели во Тотенхем во 2013. година. Оттогаш за лондонскиот клуб одигра вкупно 303 натпревари, постигна 69 голови и забележа 89 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот