Последен поздрав, се исполнува ли желбата на Антонио Конте!? (ВИДЕО)

twitter/Inter.en

Се поставува прашањето дали во јануари или во јули, данскиот интернационалец Ериксен ќе направи трансфер во италијанската Серија А.

Не беше стартер во премиерлигашкото дерби во саботата, Ливерпул славеше со 0:1, ги одигра последните 25 минути во поразот на лондонскиот клуб како замена за Ло Селсо.

Ериксен после мечот со Ливерпул долго остана на стадионот поздравувајќи ја публиката, а многумина тоа го сфатија како негова разделба со навивачите на Тотенхем.

Данецот поради договорот кој му истекува на крајот од сезоната не добиваше можност од почетокот во првите 11. Се шпекулираше дека креативниот плејмејкер ќе го облече дресот на Реал Мадрид, но е многу поверојатно дека ќе го засили Интер.

Се поставува прашањето дали тоа ќе се случи овој месец или во јули, но како што се одвиваат нештата преселбата би требало да се случи во текот на зимскиот преоден рок.

Британските медиуми информираат дека на данскиот интернационалец му е понуден договор на четири и пол години според кој ќе заработува 7,5 милиони евра годишно.

Останува уште само да се најде заеднички јазик со Леви кој побара 20 милиони евра за евентуалниот трансфер, италијанските медиуми пишуваат дека Марота е блиску до решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот