Гасперини беше заразен пред натпреварот со Валенсија

EPA-EFE/PAOLO MAGNI

– На секој две минути слушав сирени од брза помош како да живеам во близина на болница – вели стратегот на Аталанта, Гасперини.

Тренерот на Аталанта откри дека имаше коронавирус кој го доби пред одигрувањето на натпреварот од Лигата на шампионите против Валенсија, меч кој што беше прогласен за „биолошка бомба“.

Властите проценија дека сите 40.000 луѓе присутни на стадионот во Милано биле заразени со вирусот.

Џен Пјеро Гасперини изјави дека неговата состојба се влоши пред натпреварот.

Доколку ја погледнете снимката, ќе видите дека навистина не се чувствував најдобро на клупата. Беше 10 март, кога не можев да спијам и немав температура, но се чувствував како да имам. На секои две минути слушав сирени од брза помош како да живеам во близина на болница. Честопати се прашував што ќе ми се случи доколку одам во болница. Потоа, на 14 март го имав најтешкиот тренинг досега, трчав околу десет километри и возев велосипед уште еден час. Сè беше супер – рече Гасперини.

Потоа, додава тој, го изгубил чувството за вкус.

Ден по натпреварот, добивме шампањ „Дом Перињон“ од 2008 година и некоја храна од голем обожавател на Аталанта. Го пробав шампањот и си помислив дека пијам вода и дека храната имаше вкус како леб. Не чувствував ништо, немав вкус. Следните три недели бев во нашиот тренинг центар и потоа се вратив дома во Торино. Јас уредно го почитував социјалното растојание со сопругата и децата. Направивме тестови и кога тие пристигнаа, ми беше потврден коронавирус – додаде Гасперини.

Да додадеме дека Аталанта обезбеди четвртфинале во Лигата на шампионите и сега го очекува новиот противник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот