Гардијан: Додик е закана за мирот

Фото: Профимедиа

Угледниот британски „Гардијан“ објави текст кој се однесува на актуелната криза во Босна и Херцеговина, со посебен осврт кон српските сепаратисти и политиката на Милорад Додик, како и негирањето на геноцидот во Сребреница.

– Подобро доцна отколку никогаш? САД и Европа конечно покажуваат знаци на будење за опасностите со кои се соочува Босна. Одамна вкоренетата криза драматично ескалира, а главниот претставник на меѓународната заедница, Кристијан Шмит, предупреди дека земјата наскоро може да се распадне. Тој ги опиша многу реалните изгледи за враќање на конфликтот, 26 години откако Дејтонскиот мировен договор стави крај на војната која чинеше 100.000 животи и донесе масакр на муслимански мажи и момчиња во Сребреница, најголемото злосторство во Европа од Втората светска војна наведува „Гардијан “.

Оттогаш Босна ја сочинуваат РС и Федерацијата на Бошњаците и Хрватите, а тричленото претседателство е составено од еден Србин, еден Бошњак и еден Хрват. Милорад Додик, водач на босанските Срби кој го негира геноцидот, а охрабрен од ограничената меѓународна реакција со години притиска Србите да тргнат по својот пат .

Знаме на Босна и Херцеговина/ Фото: МИА

Како одговор на воведувањето на законот за негирање на геноцидот од страна на претходниот висок претставник, Додик се заканува дека ќе ги напушти државните институции – вклучително и националните вооружени сили. Ова би било, како што забележа Шмит, отцепување во сè освен во името. Создавањето нова војска на босанските Срби ќе го оживее телото одговорно за геноцидот. Додик рече дека ќе ги протера босанските војници од РС и дека, доколку е потребно, ќе биде поддржан од неговите „пријатели“ – стои во текстот на британскиот весник.

Фото: Министерство за внатрешни работи на Република Српска

Првично, високиот претставник ги искористи значајните овластувања на таа функција за да ги држи политичарите под контрола. Но, улогата е системски ослабена. Шмит беше дополнително поткопан кога референците за неговата позиција беа отстранети од обновениот мандат на мировните сили ЕУФОР во Босна, откако Русија јасно стави до знаење дека во спротивно ќе стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност.

Граѓаните си заминуваат

Поширокиот контекст е уништувањето на европскиот сон. Одбивањето за проширување на ЕУ од страна на Емануел Макрон, игнорирањето на предупредувањата за опасностите од отстапување од ветувањето за европска интеграција на Западен Балкан – беше поразителен удар, Сето ова остави малку простор за алтернативата на национализмот. Додик наиде на поддршка од Унгарецот Виктор Орбан, Русија и во помала мерка од Кина, а дури и Турција има некакво зголемено влијание. Во екот на политичката и економската стагнација, многу граѓани на Би Х едноставно си заминуваат.

Меѓународниот пратеник за мир на Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит / Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Извештајот на Шмит ја стави кризата на дневен ред. Габриел Ескобар, пратеникот за Западен Балкан, ја посети БиХ, а повторното ангажирање на САД останува да биде клучно. Гласот на ЕУ останува главно придушен, а нешто погласното Обединето Кралство повеќе не може да ги „притиска“ процесите „од внатре“.

САД го санкционираа Додик во 2017 година поради попречување на спроведувањето на мировниот договор, а она што сега е потребно се силни санкции против неговите сојузници и соработници , прекинување на пристапот до европските пазари и банкарството. Меѓутоа, со задоцнување, владите треба експлицитно да ја изразат својата поддршка за Шмит и верувањето дека Додик е одговорен за оваа криза.

Додик/ Фото Twitter Screenshot

Западот треба јасно да стави до знаење дека секој обид за насилство ќе биде соочен со зајакнување на меѓународните сили, а НАТО ќе си ја заврши работата доколку ЕУ не може, како што е наведено во Дејтонскиот договор. ЕУ треба да се запраша и каква надеж може да и понуди на Босна и Херцеговина – стои во текстот на „Гардијан“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот