Гантар потврди дека има несогласување во словенечката Влада за мерките

epa08549622 German Health Minister Jens Spahn (C), Portuguese Minister of Health Marta Temido (L) and Slovenian Health Minister Tomaz Gantar (R) attend a news conference after the informal meeting of the EU Ministers of Health in Berlin, Germany, 16 July 2020. EPA-EFE/HENNING SCHACHT / POOL

Словенечкиот министер за здравство Томаж Гантар денеска потврди дека и предложил на Владата построги епидемиолошки мерки од оние што се во моментот во сила, но другите министри не се согласиле со тоа.

Тој во исто време негираше дека најавил оставкаод функцијата.

Гантар, како одговор на медиумите на Твитер напиша дека епидемиолошката состојба во земјата се уште не е стабилна, иако некои зборуваат за релаксација на мерките, што е премногу рано, и затоа се залага за нови построги мерки што би биле во сила за пократко време, односно за две недели.

– Треба да ги ограничиме активностите што не се неопходни, да се затвори јавниот превоз и најважно е дека не смееме да ги намалуваме сегашните мерки, бидејќи се уште не сме постигнале стабилна состојба, истакна Гантар.

Иако тој тврди дека не размислува да даде оставка во моментов, ниту премиерот Јанез Јанша го сугерира тоа, Гантар тврди дека очекува да се почитуваат неговите ставови бидејќи тој е одговорен за здравствената состојба.

– Ако моите прелози не бидат прифатени, тогаш порано или подоцна ќе има ситуација кога веќе нема да може да се работи, но во овој момент, а во врска со епидемиолошките мерки, немаше разговор за тоа од моја страна или од страна на премиерот, истакна Гантар.

Словенечките медиуми објавија дека Гантар, како и експертската група на Владата предложиле поригорозни мерки на одреден временски период, се додека епидемијата не се стави под контрола. Тие предложиле воведување на мерките што важеле пролетва, како и некои построги ограничувања, како што е забрана за напуштање на местото на живеење надвор од радиус од еден километар, што Гантар не го потврди. 

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот