Ганц доби мандат за формирање нова израелска влада

Фото: Миа

Израелскиот претседател Рувен Ривлин денеска му додели мандат на лидерот на партијата Бело – Сино, Бени Ганц да формира коалициска влада, откако не успеа досегашниот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Генц, поранешен армиски командант има рок од 28 дена да формира Влада, а ако не успее во тоа, тогаш во Израел најверојатно ќе се одржат нови парламентарни избори, трети од април.

Нетанјаху претходно изјави дека се откажува од напорите да формира нова влада, откако не успеа да обезбеди мнозинство во Парламентот по септемвриските избори.

Лидерот на партијата Ликуд истакна дека му го враќа мандатот на претседателот Ривлин, откако се обиде „да воспостави влада на широко единство”.

– Последните неколку недели се обидував да го седнам Ганц на преговарачка маса, да формирам влада на широко единство и да избегнам нови избори, нагласи Нетанјаху.

На изборите одржани минатиот месец, Ликуд на Нетанјаху освои 32 места во Парламентот, а партијата Бело – Сино на Ганц 33, од вкупно 120 пратенички мандата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот