ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО | Во Струмица се одржа тримерскиот карневал по светски терк

Струмички карневал 2022

За Прочка имаше големо славење во Струмица и се одржа традиционалниот струмички карневал со над 1000 учесници и над 20 илјади посетители.

– Мило ми е што сите излеговме од секојдневието и се забавувавме, вели за Утрински брифинг градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов за Утрински брифинг.

Главниот мотив по пауза од две години да се одржи карневалот беше во оваа здравствена, економска криза да се мотивираат карневалџиите да ги покажат своите рачно изработени маски кои цела година ги чуваат во посебни магацини, вели градоначалникот.

-Карневалскиот одбор одлучува за наградите, а тоа ќе се случи утре. Карневалџиите не се мотивирани од наградите туку од одржувањето на традицијата, вели Костадинов и додава дека во организацијата на карневалот се вклучиле сите служби на градот, волонтерите на Црвен крст кои делеа топол чај, полицијата која се грижеше за редот и мирот.

Фестивалот сѐ уште трае, градоначалникот дури во среда повторно го презема градот. Денеска е чист понеделник и во градот ќе се организира делење варен бел грав со што започнуваат Велигденските пости. Во среда се „Синии“ од Тримерите кој е ексклузивен настан за Струмица кога кај армасаните девојки доаѓа машката страна.

-Струмичкиот карневал е еден од 20-те најдобри карневали на светот и шести настан по атрактивност во Европа, вели градоначалникот Костадинов.

Проследете го целиот разговор во видеото, а фотографиите во галеријата подолу

Струмички карневал 2022
Струмички карневал 2022
Струмички карневал 2022
Струмички карневал 2022
Струмички карневал 2022
Струмички карневал 2022
Струмички карневал 2022
Струмички карневал 2022
Струмички карневал 2022
Струмички карневал 2022
Струмички карневал 2022
Струмички карневал 2022
Струмички карневал 2022
Струмички карневал 2022
Струмички карневал 2022
Струмички карневал 2022

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот