ГАЛЕРИЈА: „Доста е криење“, стотици дојдоа на Парадата да и дадат поддршка на ЛГБТИ заедницата

Гласна музика, знамиња во боите на виножитото се веат низ центарот на Скопје. Утрово во 10 часот започна втората Парада на гордоста што ја организира Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

Фото: Слободен Печат – Драган Митрески

Паркот е преполн со учесниците кои ќе маршираат низ центарот на градот, покрај Владата, до градскиот парк

Фото: Слободен Печат – Драган Митрески

Со присуство на стотици луѓе, музика која ечеше од подвижна бина, со знаменца и транспаренти, меѓу кои се виори и пораката  „Доста е криење“, парадата стартуваше.

Фото: Слободен Печат – Драган Митрески

Скопје Прајд е настан од и за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе. Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество, се вели во соопштението испратено до јавноста.

Фото: Слободен Печат – Драган Митрески

Забавата во моментов се одвива пред Порта „Македонија“, а ќе заврши кај Школка во Градскиот парк. Претседателот Стево Пендаровски, министeрката за одбрана Радмила Шекеринска, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и лидерката на ДОМ Маја Морачанин денеска се меѓу оние кои дадоа поддршка со лично присуство на Парадата на гордоста што по втор пат се одржува во Скопје.

 

Фото: Слободен Печат – Драган Митрески

Годинава мотото на Парадата на гордоста е „Вон ѕидовите”.

Фото: Слободен Печат – Драган Митрески

Парадата на гордоста ќе ја отвори нашиот годинашен претставник на песна на Евровизијата Васил Гарванлиев со песната „Here I stand“.

Фото: Слободен Печат – Драган Митрески
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот