Функционерите нема да одат во карантин зашто ќе имаат посебен заштитен протокол

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Од Владата за „Слободен печат“ објаснуваат дека одлуката што е донесена избраните и именувани функционери да патуваат во странство а потоа да не одат во задолжителен карантин како другите граѓани, е донесена поради искучителен јавен интерес за службеното патување и дека функционерите нема да одат во карантин зашто ќе следат посебен заштитен протокол.

Од владата велат дека со опаѓањето на интензитетот на ширењето на вирусот и со мерките кои овозможија контрола и создавање на услови за попуштање на рестриктивните мерки, се создадоа и услови Владата на Северна Македонија донесе одлука да се дозволи организирање на службени патувања во странски држави тогаш кога постои исклучителен јавен интерес службеното патување да се одржи и кога има причини кои не трпат одлагање.

,,Ова е особено важно и заради фактот дека има ситуации кога службените патувања се неопходни заради координација и други работни активности поврзани со мерки за COVID-19 во регионот. Со оваа одлука е донесен и заклучок да се подготви посебен протокол и препораки од страна на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, кои ќе ги опфатат условите за одржување на потребното растојание меѓу учесниците на состаноците и средбите, како и носењето и начинот на употребата на личната заштитна опрема, односно маските и хируршките ракавици. Оваа одлука е донесена и од причини што постои уверување дека доколку се определат прецизни мерки за заштита и превенција и доколку тие мерки строго и одговорно се спроведуваат, ќе нема потреба од мерката државен карантин, бидејќи службените патувања ќе се остваруваат во земји кои ги применуваат мерки за претпазливост препорачани од Светската здравствена организација и од соодветните домашни институции одговорни за стручно определување на условите за здравствена безбедност, и затоа што функционерите треба да продолжат да ги извршуваат своите обврски” велат од владата за Слободен печат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот