Фудбалските надежи по втор пат подобри од БиХ

Македонската репрезентација до 17 години ја запиша втората победа против Босна и Херцеговина на контролниот натпревар одигран на гостински терен.

Нашата селекција предводена од селекторот Драги Канатларовски славеше со 3:1 на воведниот дуел во БиХ.

На денешниот натпревар одигран на стадионот „Бабовац“, македонската репрезентација поведе веќе во 3. минута, кога по проигрување на Елези, Георг Стојановски биеше прецизно за водство од 1:0. Во 48. минута Александар Кахвиќ го израмни резутатот, а по голема грешка, односно недоразбирање меѓу нашиот голман Василев и одбраната, фудбалерот на БиХ, Кахвиќ го постигна вториот свој гол за предност на домаќините од 2:1.

Бесарт Гуџуфи беше фудбалерот за пресврт на Македонија до 17 години. Во 79. минута по додавање на Поповски, Гуџуфи го постигна погодокот за израмнување на 2:2, а пет минути подоцна повторно беше прецизен откако го искористи центаршутот на Софијаноски за победа на македонската репрезентација од 3:2.

Македонија до 17 години: Васко Василев, Никола Павлески (59. Азур Шехиќ), Енис Буќи, Матеј Ангелков, Дашмир Елези, Метин Иљази (46. Бесар Гуџуфи), Георг Стојановски (85. Ерлон Шуку), Ардијан Чилафи (65. Матео Софијаноски), Мирче Стоилов (27. МАрко Ристов), Марко Софијаноски (46. Донарт Ибраими, 85. Аљбан Шабани), Борјан Попоски. Селектор: Драги Канатларовски;

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот