Фудбалски Робин Худ, парите фрлени за Нејмар би ги дал на сиромашните и гладните - Слободен печат

Фудбалски Робин Худ, парите фрлени за Нејмар би ги дал на сиромашните и гладните

Невен Суботиќ не е како поголем дел од познатите фудбалери, на него парите и материјалните работи не претставуваат преголемо задоволство, што не се вклопува во модерниот свет каде парите и славата се примарни за сегашните ѕвезди.

Дека Суботиќ не оди по парите, доказ е одлуката да потпише за Унион Берлин иако имаше понуда и од англискиот великан Арсенал. Тој во интервјуто за тиражниот “Билд“ се обиде да ги спореди неговиот нов клуб и еден од најбогатите клубови, ПСЖ.

– На сите им е јасно што се случува во модерниот фудбал. Големите екипи се обидуваат да им избегаат на малите, бидејќи за некого фудбалот е како печатница за пари. Како да играат видео игра, но тоа го прават во реалниот живот. За другите, посебно за навивачите, фудбалот е страст и начин на живот. За жал на оние кои фудбалот им е во срцето, не се на врвот. Но навивачката култура не смее да потклекне, иако сè уште не пронајдовме рамнотежа помеѓу вистинскиот фудбал и сиве овие пари – вели Суботиќ за „Билд“.

Поранешниот фудбалер на Борусија Дортмунд, е разочаран што се почесто големите екипи се расфрлаат со парите, а во тоа се истакнува ПСЖ. Купувањето на Нејмар за рекордни 220 милиони евра го разочара Суботиќ, кој смета дека тие пари може да се потрошат за многу подобри и попаметни работи.

– Се би дал во мојата фондација, таа е моето животно дело. Во фондацијата се фокусираме на поддршка на селата во најсиромашните земји на светот. Таму луѓето секоднејно е соочуваат со неверојатни проблеми. Жените и децата патуваат по неколку часа за да пронајдт било каков извор на вода. Образованието може да помогне да се поправи иднината, затоа им обезбедуваме чиста вода не само во домовите туку и во училиштата – вели Суботиќ.

Прочитај повеќе

Светот се простува од Брајант со емотивни пораки

Слободен печат

ШОК ВО САД: Во хеликоптерска несреќа загина НБА ѕвездата Коби Брајант

Слободен печат

Фудбалерите ќе имаат огромна поддршка против Косово: Се обединија сите македонски навивачки групи

Слободен печат

Дербито на Рим без победник (ВИДЕО)

Слободен печат

Червар повеќе нема да ја води Хрватска

Слободен печат

Агинагалде: Ја сонувавме победата и успеавме

Слободен печат

Остави Коментар

7 − five =

Прочитај повеќе

Нов пораз на Вардар во Анталија, овој пат од Бачка Топола

Слободен печат

На Червар македонските судии му се виновни за поразот: Да му е..м мајката безобразна

Слободен печат

„Фуријата“ не ја дава титулата, Шпанија останува Европски шампион

Слободен печат

Страшни сцени во Лион: Фудбалер колабира сред натпревар

Слободен печат

Реми на Академија Пандев, убедлив триумф на Ренова

Слободен печат

Навивачите на Наполи со вулгарна порака го пречекаа предавникот Сари

Слободен печат