Фудбалерите се комплетираа: Треба да бидеме храбри и да ја искористиме шансата доколку ни се укаже – Слободен печат
СпортФудбал

Фудбалерите се комплетираа: Треба да бидеме храбри и да ја искористиме шансата доколку ни се укаже

На нашиот најдобар национален состав денеска му се приклучија капитенот Горан Пандев, Илија Несторовски, Столе Димитриевски и Енис Барди.

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска се комплетира и во полн состав ги продолжува подготовките за последните два квалификациски натпревари од циклусот за Евро 2020 против Австрија (16. ноември, „Ернст Хапел“, Виена) и Израел (19. ноември, Национална арена „Тодор Проески“).

фото: фФМ

Повратникот во А репрезентацијата, Никола Ѓорѓев кој настапува за швајцарски Грасхоперс вели дека треба да излеземе храбро на теренот против австријците и сите заедно како тим да ги завршиме квалификациите со што е можно подобар резултатат.

– Горд сум што пак сум дел од репрезентацијата. Задоволен сум од формата во која се наоѓам, одиграв петнаесетина натпревари, дадов неколку голови и асистенции. Добро се чувствувам и среќен сум што пак сум тука. Треба да излеземе храбро на теренот, сите заедно како тим и да ги завршиме квалификациите со што е можно подобрар резултатат. Знам дека не треба да се плашиме од Австрија, иако го знаеме нивниот квалитет, но и ние имаме добри фудбалери и ќе ја чекаме шансата. Ќе видиме како ќе изгледаме тактички, но треба да бидеме трпеливи и доколку ни се укаже шанса да ја искористиме максимално – вели Никола Ѓорѓев.

Марио Младеновски, младиот дефанзивец на Вардар вели дека ќе биде исклучително мотивиран и среќен доколку добие шанса за настап.

– Чест е ако добијам шанса на еден од двата натпревари. За еден млад фудбалер многу значи ако добие прилика да игра пред полн стадион. Во овие два меча треба да влеземе максимално мотивирани за да ги добиеме. Првиот меч со Австрија ќе биде тежок, имаат одлични фудбалери, но ние ќе се обидеме да го дадеме максимумот – рече Младеновски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close