Фудбал во Шпанија без навивачи до 2021 година

Првиот човек на „Ла Лига“, Тебас ги информираше клубовите да се подготват за големите загуби, а нив најмногу ќе ги почувствуваат Барса и Реал.

Иако планираната загуба поради одигрувањето на натпреварите без присуство на публика ќе изнесува околу 350 милиони евра, за клубовите тоа е многу поприфатлива опција од евентуалното предвремено завршување на сезоната кое би ги чинело милијарда евра.

Претседателот на „Ла Лига“, Хавиер Тебас, во средата вечерта се сретна со лидерите на клубовите на „Лига“ и „Сегунда“, за да ги информира за состанокот со Советот за спорт и првиот човек на Фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубиалес.

Иако нема многу информации од таа средба, постигнат е договор да продолжи сезоната, а Тебас имал задача да ги извести претседателите на клубовите да се подготват за големите загуби, бидејќи фудбалот во Шпанија ќе се игра без навивачи на трибините до 2021 година.

Се предвидува дека „Камп Ноу“ на Барселона и „Сантијаго Бернабеу“ на Реал Мадрид најмногу ќе ја почувствуваат кризата и се очекува последни да бидат во редот да дозволат влез за љубителите на фудбалот.

Според експертите тие се последни во низа. Натпревар со 100 000 луѓе не е проблематичен само поради публиката на стадионот, туку и за нивното движење кон истиот. Воедно јавниот превоз би бил огромен ризик за ново ширење на коронавирус.

– Полека ќе ги релаксираме воведените мерки за ограничување, но ми се чини дека „Камп Ноу” или „Сантијаго Бернабеу” на крај ќе бидат отворени. Тие се последни во редот – рече Жоан Рамон Виљалби, член на Шпанската медицинска комора во интервјуто за „Ел Паис”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот