ФСБ тврди дека НСА хакирала илјадници телефони на „Епл“

Фото: Профимедиа

Руски ФСБ денеска наводно открила дека американската тајна служба НСА користела претходно непознат малициозен софтвер за да навлезе во пропустите на телефоните на „Епл“.

ФСБ, главниот наследник на советскиот КГБ, објави дека се заразени неколку илјади телефони на „Епл“, вклучувајќи ги и оние на домашните руски претплатници.

Мета беа и телефоните на странски дипломати во Русија и на територијата на поранешниот Советски Сојуз, вклучително и од членките на НАТО, Израел, Сирија и Кина.

„ФСБ откри разузнавачка операција на американските тајни служби преку мобилните уреди на Епл“, соопшти ФСБ.

Ниту „Епл“ ниту НСА сè уште не одговориле на барањето за коментар.

ФСБ забележа дека ова открило блиска врска помеѓу „Епл“ и Агенцијата за национална безбедност (НСА).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот