ФСБ / Фото: Твитер принтскрин

ФСБ спречила украински и британски заговор за кражба на борбен авион „миг-31“

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека осуетила заговор на украински и британски шпиони за регрутирање на руски пилот, нудејќи му 3 милиони долари за кражба на борбен авион „миг-31“ вооружен со хиперсонична ракета „кинжал“, објавија руските државни медиуми, пренесува Ројтерс.

Новинската агенција РИА, повикувајќи се на ФСБ, објави дека пилотот ќе го однесе авионот до воздухопловната база на НАТО во Констанца, Романија, каде што ќе биде соборен од системи за воздушна одбрана.

ФСБ соопшти дека Украина и Велика Британија планираат „провокација“ од големи размери користејќи го авионот и дека украинската воена разузнавачка служба се обидела да регрутира руски пилоти за да го украдат „миг-31“, нудејќи им 3 милиони долари.

„Преземените мерки ги попречија плановите на украинските и британските разузнавачки служби за провокација од големи размери“, забележа РИА.

Руската државна телевизија прикажа слики од пораки и емитуваше аудио снимки од човек кој наводно работи за украинските и британските разузнавачки служби. Тој му понудил на руски пилот 3 милиони долари за да лета со „миг-31“ до Европа, додавајќи дека на пилотот му било понудено и странско државјанство.

Ројтерс не можеше независно да ја потврди информацијата.

„Кинжал“ е балистичка ракета лансирана од воздух за која Москва вели дека е суперсонична, способна да достигне многу големи брзини и да маневрира за да избегне откривање и соборување од страна на системите за воздушна одбрана.

Москва долго време го обвинува Лондон за поттикнување на војната во Украина и дека членови на британското разузнавање му помагаат на Киев да спроведе серија операции длабоко на руска територија.

Од своја страна, Лондон постојано предупредува дека руските разузнавачки служби се обидуваат да посеат хаос во Велика Британија и Европа со цел да ја поткопаат демократијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот