Францускиот „нон пејпер“ е ново одолговлекување на проширувањето

Министрите на земјите членки во Брисел за првпат дебатираа за необврзувачкиот сет на предлози со кои Франција предлага измена на начинот со кој новите членки во иднина ќе и пристапуваат на Унијата. Првите резултати, се очекува да бидат напролет, велат диполоматски извори од Унијата за медиумите.

Голем дел од условите наведени во француската методологија, а кои земјите членки треба да ги исполнат за да станат дел од Унијата, веќе ги има во постоечките механизми, тврди универзитетскиот професор Љупчо Петковски. Според него, нон пејперот е некакво ново одолговлекување, бидејќи Франција и сега има цврсти механизми за да ја заштити Унијата од проширување.

– Во францускиот парламент две третини од парламентарците треба да гласаат ЗА пристапување на нови членки или пак француските граѓани да се изјаснат на референдум. Тие се најдобрата гаранција за  заштита од нови Орбани. Ваквата методологија прави штета и конфузија на процесот на проширување на ЕУ. На пример, што ќе прави сега Црна Гора која ги има отворено сите поглавја – посочува Петковски.

И на македонските власти им треба повеќе време за анализа на новите правила во францускиот нон пејпер. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вчера рече дека нема ништо против заострувањето на критериумите.

– Немаме што да загубиме ако има повеќе стриктност во процесот – изјави Димитров.

Од другите европски престолнини засега нема официјални коментари на францускиот предлог.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот