Франција веројатно мерките за ограничување ќе ги пролонгира до почетокот на мај

 Во Париз, градското собрание и префектот на полицијата, во вторникот, објавија забрана за какво било индивидуално спортско дејствување во Париз од 10 до 19 часот започнувајќи од утре.

Ограничувањата за Французите почнаа на 17 март и веројатно ќе продолжат барем до почетокот на мај. Иако официјалната одлука сè уште не е донесена од владата, Жан-Франсоа Делфреси, претседател на научниот совет за „Ковид-19″, се залага за нивно продолжување по 15 април, јави дописникот на МИА.

-Сè уште не го достигнавме пикот на оваа епидемија, објаснува Жан-Франсоа Делфреси за БФМТВ. Мораме да бидеме строги со нивното почитување. Мислам дека е подобро веднаш да кажам ……  премногу е рано да се предвиди датум за кревање на мерките. Тоа ќе биде можно на почетокот на мај,  рече претседателот на научниот совет за „ Ковид-19 “.

Научникот притоа потсети дека почитувањето на ограничувањата се индивидуална и колективна одговорност, чија цел е да се намали заразата, но исто така да им се овозможи на болниците да се справат со пристигнувањето на пациентите, особено во интензивната нега.

-Кога видов оваа недела, што се случи во Париз, кога заради убавото време имаше многу излезени луѓе, јас велам дека тоа е форма на колективно самоубиство, како за оние што излегоа, така и за другите “, кажа Делфреси .

Националната академија за медицина се залага, кога ќе дојде до одлуката за кревање на мерките за вонредната состојба, тоа да биде според регионите, а не според старосната група, со строги ограничувања на патувањето и одржување на мерките на „социјално дистанцирање”.

 Во Париз, градското собрание и префектот на полицијата, во вторникот, објавија забрана за какво било индивидуално спортско дејствување во Париз од 10 до 19 часот започнувајќи од утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот