Франција: 7,6 милијарди евра за подобри плати на медицинскиот персонал

Претседателот Емануел Макрон вети во март план за инвестирање во болници и подобро наградување на здравствените работници откако ќе заврши епидемијата.

Француската Влада и медицинските синдикати денеска потпишаа договор за зголемување на платите на болничкиот персонал, откако беа поздравени како херои за време на епидемијата на коронавирусот, јави ДПА.

„Историскиот” договор ќе вклучува дополнителни 7,6 милијарди евра (8,6 милијарди долари) годишно, изјави министерот за здравство Оливие Веран.

– Околу 1,5 милиони работници би добиле нето зголемување од 183 евра месечно, а ќе бидат ревидирани и „скалите” за некои групи, како медицински сестри и медицински помошници, рече Веран.

Претседателот Емануел Макрон вети во март план за инвестирање во болници и подобро наградување на здравствените работници откако ќе заврши епидемијата.

Групата што организираше протести ја отфрли зделката како неадекватна и повикаа за утре штрајк во Париз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот