Франција го казни Гугл поради непочитување на авторски права за вести

Гугл/ Фото: МИА

Францускиот регулатор за антимонопол го казни Гугл со 500 милиони евра за непочитување на привремените наредби издадени од регулаторот во спорот со медиумите во државата.

Американскиот технолошки гигант во текот на следните два месеци мора да достави предлози за тоа како ќе ги обесштети новинските агенции и другите медиуми за користење на нивните вести. Доколку не го стори тоа, се соочува со казни до 900.000 евра на ден.

Медиумите АПИГ, СЕПМ и АФП го обвинуваат технолошкиот гигант дека не разговарал со нив со добра волја за да се најде заеднички јазик за надоместок за новинарските содржини на интернет, според неодамнешната директива на ЕУ.

Случајот сам по себе се фокусира на тоа дали Гугл ги прекршил привремените наредби издадени од антимонополскиот орган, кој инсистира ваквите разговори да се одржат во рок од три месеци со издавачите на вести кои ги бараат.

АПИГ, кој ги претставува најголемите издавачи на печатени весници („Фигаро”, „Монд” и други), останува еден од тужителите, иако потпиша рамковен договор во очекување на одлука за монопол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот