ФОТО+ВИДЕО | Разменија нежни бакнежи: Тимоти Шаламе се „стопи“ покрај Кајли Џенер на Златните глобуси

Фото: Christopher Polk / AFP / Profimedia

Синоќа во Лос Анџелес се одржа 81. доделување на престижната филмска и телевизиска награда Златен глобус. На наградите присуствуваа најголемите имиња од светот на филмот, но особено внимание на присутните привлече актерот Тимоти Шаламе кој за првпат официјално се појави со девојката Кајли Џенер.

По неколкумесечните пишувања во медиумите за нивната врска, ова е официјална потврда дека парот е сè уште заедно и дека нивната врска добила посериозен тек.

На синоќешната церемонија Тимоти и Кајли разменија нежности пред сите присутни за време на паузата за реклами. Додека зборуваа aктерот ја бакна нежно, обидувајќи се да не го избрише карминот од нејзините усни.

Ѕвездата на филмот „Вонка“ беше номиниран за најдобра машка улога во мјузикл, а парот малку подоцна пристигна на доделувањето на Златниот глобус.

Фото: Christopher Polk / AFP / Profimedia

Кајли изгледаше неверојатно во црн фустан од тантела со гол грб и крената коса во елегантна романтична пунџа. Може да се каже дека Тимоти решил стајлингот да го усогласи со својата избраничка, па се одлучил за црно светкаво палто.

Двојката беше одлично расположена, а јасно е дека се многу приврзани еден за друг, тие цело време разменуваа нежности и заљубени погледи.

Да потсетиме, Тимоти и Кајли првпат се шпекулираше дека се заедно уште во април, но тие наводно се гледале уште во јануари кога и двајцата присуствувале на ревијата на Жан Пол Готје. Извори запознаени со ситуацијата тврдат дека во изминатиов период Кајли поминува „многу квалитетно време“ со славниот актер.

Тие исто така пред речиси 4 месеци беа видени на натпревар на „Ус Опен“. Парот кој ја изненади јавноста, бидејќи изгледа како сосема „некомпатибилен тандем“, и тогаш не можеше да ги задржи страстите за време на целиот натпревар.

ВИДЕО | „Поважно ми е да бидам здрава“: Селена Гомез одговори на критиките за вишокот килограми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот