ФОТО+ВИДЕО | Настани од поп-културата кои ја одбележаа 2022 година

Фото: Инстаграм/EPA

Од култната шлаканица на доделувањето на филмските награди „Оскар“, па сѐ до обновувањето на врската на Џенифер Лопез и Бен Афлек – може да се каже дека 2022 година беше многу забавна кога станува збор за случувањата во поп-културата.

Додека полека ја испраќаме 22ката, време е да се потсетиме на сите оние моменти кои нѐ забавуваа и, до некаде, шокираа.

Бременоста на Ријана

Барбадоската пејачка Ријана секогаш успева да го привлече вниманието на јавноста, дури и во моментите кога делува како да не се труди во врска со тоа. Нејзината објава дека е бремена со своето прво дете беше главна тема во медиумските написи, но и нешто за што сите зборуваа со денови.

Во текот на целата бременост, Ријана носеше смели модни комбинации со кои ги сруши модните бариери дека трудниците мора да го сокриваат трудничкото стомаче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

Бенифер 2.0

Љубовната приказна на Џенифер Лопез и Бен Афлек полека, но сигурно, станува една од најлегендарните во историјата на Холивуд. Речиси 19 години по нивната разделба, тие ја обновија нивната врска и конечно го изговорија судбоносното „да“.

Од моментот кога тие објавија дека повторно се заедно, јавноста е „гладна“ за новости поврзани со нивната омилена позната двојка уште од раните двеилјадити.

Џенифер Лопез и Бен Афлек
Бен Афлек и Џенифер Лопез / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Ким Кардашијан како Мерилин Монро

Контроверзната одлука на Ким Кардашијан да го облече култниот фустан на филмската дива Мерилин Монро на годинашната МЕТ гала наиде на измешани реакции.  Многумина ја пофалија дека успеала да износи таков иконски фустан, но многумина и ја искритикуваа дека делумно го уништи ова безвременско модно парче од американската поп-култура.

Како и да е, телевизиската ѕвезда со ова успеа да го создаде најкултното модно појавување на црвениот тепих за 2022 година. Без конкуренција.

Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Шлаканицата на Оскарите

Никој не можеше да претпостави дека еден господин како Вил Смит ќе му удри шлаканица на својот колега Крис Рок за време на гламурозното доделување на престижните филмски награди Оскар. Токму затоа секој од нас се шокираше кога го посведочи тој, сега веќе култен, момент пред малите екрани.

Физичките пресметки се, апсолутно, неприфатливи и не треба да бидат тема за шеги, но овој момент беше толку вирален што ќе влезе во историјата на светската поп-култура.

Хејли Бибер и Селена Гомез

Со само една фотографија, Хејли Бибер и Селена Гомез предизвикаа културно ресетирање. По неколкугодишно несогласување поради љубовниот триаголник со Џастин Бибер, манекенката и пејачката официјално покажаа дека тие две се во коректни односи.

Додека присуствуваа на годинашната „Academy Museum“ гала, тие две срдечно се поздравија и ставија крај на нивната медиумска „кавга“.

Фото: Инстаграм/Хејли Бибер/Profimedia

Кендал Џенер и краставицата

Сосема е во ред да не се биде совршен готвач, но сечењето на намирниците е прилично едноставна работа која секоја возрасна личност знае како да ја направи. Но, се чини дека манекенката Кендал Џенер сѐ уште не ја научила оваа вештина. Во една од епизодите на реалното шоу „Keeping Up With the Kardashians“, таа сечеше краставица на еден многу необичен и, според многумина – бизарен, начин.

„Како да покажеш дека не си ги готвиш сам оброците без да директно да покажеш дека не си ги готвиш сам оброците“, беше еден од најчестите шеговити коментари на социјалните мрежи.

Хајди Клум како црв

Хајди Клум е секогаш во центарот на вниманието за Ноќта на вештерките. Секоја година, германската манекенка го остава светот без здив со своите необични трансформации, па така и оваа година нејзините фанови со нетрпение очекуваа кој ќе биде нејзиниот избор на маска.

И така, Клум се појави како дождовен црв – нејзиниот партнер Том Каулиц беше рибар, а манекенката беше „закачена“ на неговата јадица.

Фото: Инстаграм/Хајди Клум

Танцот на Венсдеј

Серијата „Wednesday“ беше една од најгледаните содржини на Нетфликс во 2022 година, а главната актерка Џена Ортега важни за најголемото актерско откритие. Младата девојка ги освои сите со својата актерска игра – особено со својот танц во една од епизодите на серијата.

Тоа што е интересно е дека Ортега сама ја смислила кореографијата во сцената која ги освои сите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот