ФОТОГАЛЕРИЈА | Струмички карневал 2024: 1.500 маскирани луѓе во 49 маски продефилираа низ улиците на градот
Во интернационалната карневалска поворка на Струмичкиот карневал вчеравечер учествуваа околу 1500 маскирани луѓе во 49 маски од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Турција, Грција, Бугарија и Македонија.
Четири часа траеше интернационалното карневалско дефиле во Струмица, во кое маскираните понудија шаренило од бои, интересни и уникатни креации, но и пораки до публиката со своите музички и сценски настапи на плоштадот „Гоце Делчев“.
Во продолжение, погледнете дел од атмосферата што ја одбележа спектакуларната карневалска вечер во Струмица.
ФОТО: Струмички карневал – се редеа маски со мотиви од цел свет