ФОТО: Вооружен судир во Сомалија помеѓу приврзаниците и противниците на претседателот Абдулах

Фото: EPA-EFE/SAID YUSUF WARSAME

Во главниот град на Сомалија, Могадишу денеска се судрија приврзаниците и граѓаните кои се против продолжување на четиригодишниот мандат на претседателот Мухамед Абдулах.

Според очевидците спротивставените страни употребиле и огнено оружје.

Фото: EPA-EFE/SAID YUSUF WARSAME

По одлуката на Долниот дом на Парламентот на Сомалија мандатот на Абдулах да биде продолжен за две години и да не се одржат изборите, што беа предвидени во февруари годинава, во земјата изби криза.

Абдулах во април потпиша Закон со кој две години се продолжува неговиот мандат. На Законот се спротиставија опозицијата, западните земји и донаторите кои ја помагаат земјата.

Фото: EPA-EFE/SAID YUSUF WARSAME

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот