ФОТО+ВИДЕО | Еве како ќе изгледа првиот хотел во вселената

youtube
принтскрин

За неколку години треба да започне изградбата на првиот хотел во вселената, во кој е предвидено да има ресторани, кина и сместување за 400 гости.

„Orbital Assembly Corporation“ и Фондацијата „Gateway“ имаат големи планови за проектот наречен
Voyager Station“ кој беше најавен уште во 2019 година. Тие велат дека планираат да започнат со градба во ниската орбита околу Земјата во 2027 година.

Youtube
Принтскрин / Youtube

Иако досега не се разјаснети многу детали, како што се трошоците за изградбата или предвиденото сместување во хотелот, од „Orbital Assembly Corporation“ посочуваат дека ќе користат ракети за повеќекратна употреба како „Falcon 9“ во производство на компанијата на Илон Маск „SpaceX“ и со тоа како што велат, трошоците ќе бидат релативно „ниски“.

Основачот на „Orbital Assembly Corporation“ Џон Блинкау во разговор со „Daily Mail“ уште во 2012 година најави дека тоа ќе биде следната индустриска револуција.

Youtube
Принтскрин / Youtube

Фондацијата „Gateway“ пак, на својат веб-страница пишува дека „Voyager Station“ ќе биде еден од „првите чекори во колонизацијата на универзумот и другите светови“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот