ФОТО | Тој има 23, таа 60 години, а луѓето ѝ порачуваат: Засрами се од тоа збрчкано лице

На социјалните мрежи има многу парови со голема разлика во годините, но никој не успеа да го раздрма Интернет како овие двајца љубовници.

Двојката, чија разлика во годините изнесува 37 години, стана тема за сите корисници на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by I_AM_QURAN (@leolove_3)

Американецот по име Куран (23), се најде на удар на критиките на неговите следбеници поради неговата врска со 37 години постарата партнерка Шерил (60).

Во неодамнешното видео, парот одговара на прашањето: „Дали вашите семејства ја одобруваат вашата врска?“, на што и двајцата во ист глас рекле – „да“.

По тој повод, Шерил, чии деца се постари од нејзиниот избраник, открила дека нејзините деца се воодушевени од изборот на партнерот.

Моите деца кои се значително постари од моето момче, ова целосно го поддржуваат и ме охрабруваат. За нив е важно само дека сум среќна – уверува оваа жена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by I_AM_QURAN (@leolove_3)

Гледачите во шок ги гледаат нивните танци и размената на бакнежи, додека тие тврдат дека разликата од 37 години воопшто не влијае на нив и дека се чувствуваат како да се на иста возраст.

– Засрами се од тоа збрчкано лице – ѝ порачуваат коментаторите, советувајќи ја да се откаже од помладото момче.

Секоја нивна снимка има милиони прегледи, а уште поголем е бројот шокираните и згрозените коментари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by I_AM_QURAN (@leolove_3)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот