ФОТО | Северина со тројцата мускетари меѓу кои и Бреговиќ: Се крчка нешто ново!

Северина и Горан Бреговиќ/Инстаграм
Северина и Горан Бреговиќ/Принтскрин - Инстаграм

Дали ќе слушнеме уште една спектакуларна соработка на Северина со Горан Бреговиќ за новиот албум?

Пејачката на својот инстаграм-профил сподели фотографија од Белград на која позира со продуцентот Филип Милетиќ, менаџерот Томица Петровиќ, а со нив е и Горан Бреговиќ.

„Тројцата мускетари“, напиша таа во описиот на нејзината објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Навестувањето на можна соработка нема да е прва за Северина и Бреговиќ, а нејзините обожаватели со нетрпение го очекуват новиот албум.

Во 2008, албумот на Северина, „Здраво Маријо“ кој таа го работеше со Бреговиќ доживеа голем успех, а на промоцијата Северина се појави како невеста без младоженец, а Бреговиќ како кум.

Северина и Горан Бреговиќ/Фејсбук
Фото: Северина и Горан Бреговиќ/Фејсбук

Па, да видиме што се крчка!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот