ФОТО | Сашко Коцев се врати на сцената на „Златна бубамара“: Јас извадив пасош со фората „Само да прашам“

Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

Вечерва се одржува 27. издание на најпопуларното македонско шоу за награди во областа на популарната култура во Македонија – „Златна бубамара“.

По една година пауза, на големо изненадување на бројната публика во салата „Борис Трајковски“, на сцената се појави актерот Сашко Коцев во улога на водител на манифестацијата.

Под мотото „Кој чека ќе дочека, редно е да има ред“, најсаканиот комичар на македонската публика ја искоментира актуелната ситуација со личните документи во државата и на свој начин ги насмеа присутните.

„Јас извадив пасош. Не со врски, туку на фората ‘Само да прашам‘”, се пошегува актерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот