ФОТО | Сѐ уште плени: Елена Ристеска во прекрасно издание на настап во скопски клуб

Фото: Инстаграм/Елена Ристеска

Македонската пејачка Елена Ристеска викендов настапи во еден познат ноќен клуб и ѝ приреди незаборавна вечер на скопската публика.

Ристеска се појави на македонската сцена пред нешто повеќе од две децении, но и ден-денес важи за една од нашите најеминтентни пејачки на популарна музика. Доказ за тоа е и овој нејзин настап, каде ги изведе своите најголеми музички хитови пред нејзините верни обожаватели.

„Прекрасна и емотивна вечер. Ви благодарам за преубавата атмосфера. До следниот пат…“, напиша таа на Инстаграм, споделувајќи ги своите впечатоци.

Како и секогаш, таа се појави во интересно модно издание, овој пат стилизирано од стилистката Теа Клинчарова. Што се однесува до шминката и фризурата, за нив се погрижи нејзиниот долгогодишен соработник Даниел Николовски.

Фото: Инстаграм/Елена Ристеска
Фото: Инстаграм/Елена Ристеска

Интервју со Елена Ристеска: Не се омажив тајно, но благодарам за добрата идеја

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот