ФОТО | Роман Абрамович го теши новата девојка: 30 години помладата актерка е со украинско потекло

Фото: Профимедиа/Инстаграм

Рускиот олигарх Роман Абрамович (55) е еден од погодените од западните санкции, а новонастанатите околности ја открија неговата интимност, која досега беше добро скриена. Имено, се шпекулира дека славниот Русин е во врска со 25-годишна актерка и тоа со украинско потекло.

Амбрамович наводно тајно се гледа со Александра Корендјук (25), претприемачка и телевизиска ѕвезда, која се појавила во руското шоу „You’re All P*** ing Me Off“, пренесува британски „Сан“.

 

Врската помеѓу Роман и Александра ја разоткрила руската шоубизнис новинарка и колумнистка Божена Ринска.

Истата новинарка прва објави дека Абрамович ќе се ожени со Даша Жукова, неговата трета сопруга со која беше во брак од 2008 до 2018 година.

Фото: Профимедиа

Ринска обелодени дека Амбрамович почнал да се гледа со Александра во октомври минатата година.

– Новата девојка на Роман Абрамович е многу интересна. На почетокот на годината почнаа гласини дека Александра Корендјук го освоила неговото срце. Има мошне малку податоци за неа, но се зборува дека таа е основач на компанија во музичката индустрија. Таа се испроба и како актерка – рекла оваа новинарка.

Таа ја глумела хостеса во две епизоди од серијата која се снимала во Москва, а во Русија велат дека животот го чувала во строга тајна, како и дека нејзиното презиме укажува на тоа дека има украински корени. Александра, исто така, наводно е основач на Институтот за музички иницијативи, кој им помага на музичари во подем.

„Иронично е што Амбрамович беше поврзан со дама со украинско потекло токму кога е санкциониран поради војната и неговите врски со Путин“, додал изворот.

Пред оваа млада дама, Роман беше поврзуван со руската балерина Дијана Вишнева (45) во 2018 година, а медиумите тогаш пишуваа дека таа му го „освоила срцето“. Наводно, тој бил воодушевен од нејзините настапи што редовно одел со својот приватен авион во градот Перм во близина на Уралските планини за да може да ја гледа. Но, малку подоцна неговиот портпарол ги отфрли ваквите шпекулации како глупости, а Вишњева во меѓувреме се омажи и роди син.

Инаку, се шпекулира дека вилите на Абрамович во Велика Британија би можеле да бидат запленети и да се искористат за сместување на украински бегалци. Неговиот имот во Англија е замрзнат, а притоа беше спречен и да го продаде Челси. Неговиот највреден имот во Лондон е вилата со 15 спални соби во Кенсингтон, во близина на руската амбасада, и вреди околу 150 милиони фунти.

Газдата на Челси протеран од Англија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот