ФОТО | Прво Хитлер, сега Волдеморт: Путин се појави на графит во Полска

Путин како Волдеморт
Фото: EPA-EFE/Jakub Kaczmarczyk

Откако претседателот на Русија, Владмир Путин започна воен конфликт со Украина, во перцепцијата на јавноста можеби стана најголемиот негативец на нашето време. Првично беше нацртан карикатурален и милуван од Хитлер, а сега неговото лице се спои со Волдеморт(толку злобен што името не му се спомнува) од серијалот „Хари Потер“, на Џ.К. Роулинг.

Путин како Волдеморт
Фото: EPA-EFE/Jakub Kaczmarczyk

Во Полска, во градот Познан се појави графит од уличниот уметник Kawu во кој рускиот претседател е нацртан како озогласениот негативец од имагинарниот свет на Хари Потер. Зад лицето на Путин се вее украинското знаме,  а под неговите рамења пламен кој симболично ја уништува земјата.

Путин како Волдеморт
Фото: EPA-EFE/Jakub Kaczmarczyk

Хари Потер е толку популарен што се сомневам дека на читателот му е потребен контекст, но ако му е, Волдеморт е крволочен непријател на Хари Потер и неговата дружина, во суштина на доброто во светот. Волдеморт е оската на злото во серијалот, кој без „мува да го полази“ тргнал да убива деца(памет и ги убива).

„NO WAR/Не на војната“, додаде уметникот на цртежот.

Фотографии и снимки од графитот се појавија на социјалните мрежи и луѓето имаа да упатат само комплименти и согласност за визурата на Путин. „Феноменален приказ“, „Во сржта“,„Совршено“ се само дел од коментарите на инстаграм-профилот на уметникот кој покрај фотографијата од своето последно дело, повика и на помош за Украина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kawu (@kawuart)

ФОТО | Хитлер го гали Путин: Украина се огласи на „Твитер“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот