ФОТО | Проблем за селекторот Милевски: Се повреди Барди
На само еден ден пред собирот на македонската фудбалска репрезентација, еден од нашите најважни фудбалери, Енис Барди се повреди во настапот за Трабзонспор.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Барди беше заменет во денешниот натпревар на неговиот тим уште во 17. минута. Засега нема информации од каков карактер е неговата повреда, но ситуацијата не изгледаше наивно.
Повеќе детали околу времето кое ќе биде потребно за рехабилитација ќе бидат познати по деталните прегледи.
Македонија во јуни ја очекуваат два пријателски натпревари, прво против Хрватска на 3-ти јуни, а седум дена подоцна против Чешка. Двете средби ги играме како гости.
Omuzundan yaşadığı sakatlıktan dolayı Bardhi devam edemiyor. 18. dakikada yerini Kerem Şen’e bıraktı. pic.twitter.com/Qgvk6KXqP7
— Günebakış Haber (@gazetegunebakis) May 26, 2024


