ФОТО | По разводот, ќерката живее со него: Коки Јанков сподели приватни моменти од нивниот дом во Штип
Виолинистот Коки Јанков сподели приватни моменти со својата ќерка Лара која живее со него во Штип. Коки видеото го нарече „домашно восипитување“ и објави како тој и ќерка му ги гледаат Шинејд О’ Конор и Роџер Вотерс во весела атмосфера. Кога камерата ја сврте накај него, тој рече „едукација“.
Препорачано
Јанков е наставник по виолина во музичкото училиште во Штип, и неодамна изјави дека неговата ќерка учи во тамошното средно медицинско училиште и живее со него.

Пред неколку месеци, тој откри во каков однос е со поранешната сопруга Росана Петревска, со која се разведе во 2018 година.
– Па, не е тоа некој добар однос. Не можам да кажам дека е добар. Ама има односи во кои луѓето се добри. Тоа не зависи само од мене или само од спротивната страна. Тоа зависи и од двајцата. Ако треба да кажам да или не, ако имам опција, јас ќе кажам не. Ама сега, што да правиме, може утре ќе се смени, може не – рече виолинистот во подкастот „Кафе муабети“ за „Гламур ТВ“.

– Со ќерка ми веќе живееме втора година заедно во Штип, медицина учи. Не можев да сонувам дека после сите катаклизми, јас и ќерка ми секоја вечеr ќе си легнеме, ќе се смееме, ќе се поздравиме, таа во детска, јас во спална. Нека биде ова охрабрување за луѓето кои поминале низ истото – рече музичарот и додаде: „Дуле го нема, татко ми, мојот професор, разводот, сум останувал така, буквално седам на улица со некои црни вреќи или куфери, короната дојде, се нема… Сум имал среќа да бидам во некој круг, некои луѓе ми кажаа некои многу добри работи, не како јас да правам, туку на кого да се потпрам. Сега сум појак и сега сето тоа е за добро“.



