ФОТО | Пеле, Мухамед Али, Коби Брајант и Мајкл Џордан: Винисиус 2023 година ја заокружи со спектакуларна тетоважа

Фото: EPA-EFE/Sergio Perez

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор се врати на тренинзите подготвувајќи се за својот камбек по паузата поради повреда. Во меѓувреме Бразилецот одлучи да ја заокружи 2023 година со една спектакуларна тетоважа.

Имено, на грбот на Винисиус сега се наоѓаат икони како Пеле, Мухамед Али, Коби Брајант и Мајкл Џордан, но фановите имаат и дилема која е личноста што се наоѓа на левата страна. Исто така е забележано дека Џордан е нацртан како леворак шутер што не е така во реалноста.

Сепак, како и да е тетоважата изгледа моќно, а под ликовите стои слоганот „менталитет“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот