ФОТО | Огњен Амиџиќ реагира на прозивките за новата девојка: „Мина е 100 отсто природна, нема ни грам пластика“

Фото: Instagram/ callmenaumi

Водителот Огњен Амиџиќ по разводот со манекенката Данијела Димитровска, со која има син, започна врска со 17 години помладата колешка Мина Наумовиќ.

Имено, Мина Наумовиќ со својот изглед привлече големо внимание во јавноста, па додека едни се воодушевени од нејзиниот изглед, други сметаат дека таа претерала со операциите.

Откако девојката на водителот објави фотографија од себе на снимањето на шоуто, додека позира во црвен фустан, не престанаа коментарите за нејзиниот изглед.

Фото: Instagram/ callmenaumi

„Не тресете глупости, сето ова е пластично. Очите, носот, устата, се… Даниела не беше таква. Сето тоа е пластика и неморал“ – е еден многуте коментари.

По лавината коментари, Огнен застана во одбрана на Мина и во коментар под објавата напиша:

„И јас би додал, верувале или не, 100% природно. Ниту 1% грам филери и пластика. Затоа што читам сѐ и сешто, а не ја сакам неправдата“, напиша Огњен.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Инаку, манекенката Данијела Димитровска, која минатата година се разведе од водителот, со месеци е во врска со згодниот Јеврем Косниќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот