ФОТО: Новогодишната бајка во Радишани неизбежна прилика за селфи на минувачите

Скопјанецот Денчо Јосимов веќе 15 години по ред создава Божиќна бајка во својот дом. Тој и неговото семејство шест пати ја добија наградата за најубаво украсена куќа која ја доделуваше Општина Бутел, а двапати беа добитници на оваа награда и на градско ниво.

Фото: Приватна архива

Раскошното новогодишно украсување кое предизвикува восхит кај сите случајни минувачи не е евтино, ниту лесно да се реализира, но ова семејство од населбата Радишани вели дека без разлика на се, нема да ја прекинат новогодишната традиција.

Оваа година потрошивме околу 20.000 денари за украси и светилки, но мотивација за украсување ми се сите дечиња, па и возрасни кои доаѓаат во мојот двор да се фотографираат со украсите, вели Денчо Јосимов.

Додава дека вака украсена неговата куќа ќе биде до Стара Нова година, а потоа ќе ги исклучат светилките.

– Се надевам дека следната година ќе успеам да го украсам домот уште поубаво. Среќни Божиќни празници, ни рече домаќинот и креаторот на новогодишната бајка, Денчо Јосимов.

Погледнете ја магичната атмосфера во овој скопски двор:

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот