ФОТО | Новак Ѓоковиќ ги крсти децата во Острог, мајка му Дијана откри зошто подоцна го направиле обредот

Фото: Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена вчера им направија крштевање на нивните две деца, деветгодишниот Стефан и шестгодишната Тара, во манастирот Острог, во Црна Гора.

Верскиот обред го извршил патријархот на Српската православна црква, Порфириј, во присуство на кумовите на децата и најблиските членови на семејството.

Децата биле облечени во бела облека, според православните обичаи за овој верски обред.

Многумина се запрашаа зошто тенисерот одлучил да ги крсти децата дури сега, а не кога биле помали. Во една прилика, одговорот на тоа прашање го даде неговата мајка, Дијана Ѓоковиќ.

„Јас сум многу горда на него. Новак е многу благодарен. Тој е благодарен за сѐ што постигнал. Тој се држи до своите принципи и верувања, тоа е она што го прави човекот – човек“, изјавила мајка му на Ѓоковиќ.

Тогаш таа откри дека тенисерот е многу религиозен и сакал неговите деца да бидат доволно големи за да го сфатат чинот на крштевањето.

„Новак си го носи осветениот крст што го доби во манастирот Хиландар (српски православен манастир во Света Гора), тоа му дава сила. Таму помина три дена, тоа беше многу важно искуство за него. Тој е навистина духовно суштество, се крсти уште кога имаше пет години и сериозно го сфати чинот. Тој има нешто во себе. Постојано го прашувам кога ќе ги крсти своите деца, а тој ми вели ‘кога ќе можат да го разберат чинот на крштевањето’. Сака Тара и Стефан да бидат свесни дека се крстени“, објаснила таа.

ВИДЕО | Сопругата на Ѓоковиќ: Во Скопје нè чуваа како охридски бисери!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот