ФОТО | Ниско и сексистички: Џим Кери на удар на јавноста поради карикатурата на Меланија Трамп

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Актерот Џим Кери беше остро осуден на социјалните мрежи откако тој објави карикатура на поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп.

„Збогум, најлоша прва дамо. Се надевам дека спогодбата може да го финансира твојот плиток живот. Ти благодарам за ништо”, напиша Џим.

Бројни следбеници го нападнаа затоа што сметаат дека објавата е невкусна и сексистичка.

„Ужасно е да се нападне првата дама која ја вршеше својата работа со грациозност и достоинство и не доби ништо освен критика од левицата. И срамота е што ниту една жена од левата страна не ја бранеше жената поради овие неосновани напади”, „Секогаш мислев дека ти си кул. Сега си премногу одмаздољубив со вакви слики”, „Ова е толку сексистички. Такво лицемерие”, „Ова е ниско. Ми се допаѓаше и мислев дека ги инспирираш луѓето”, се само некои од коментарите.

Имало и такви коментари кои го бранеле актерот.

„Тој е актер, комичар кој ги прикажува мажите и жените и ги тера луѓето да се смеат, што значи дека никој не е имун на потсмев“, „Зошто луѓето се однесуваат повредено и изненадено? Зошто толку сериозно?“, „Продолжи да се изразуваш преку твојата уметност! Ако сакаше да биде прикажана во подобро светло, требаше да се претстави подобро кога беше во центарот на вниманието“, напишале оние кои не гледаат ништо лошо во карикатурата која ја објави актерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот