ФОТО | Кралското семејство се „заигра“ со фотошоп: Срамота, ова не е чесно!

Хари и Меган Маркл
Принц Хари и Меган Маркл/Instagram

Принцот Хари и Меган Маркл објавија семејна фотографија на која за прв пат ја покажаа својата ќерка Лилибет Дијана која се роди во јуни оваа година.

Фотографијата предизвика општа збунетост на социјалните мрежи, а многу фанови посочија дека кралското семејство ја фотошопирало фотографијата. Најголема контроверзија беше палецот на Меган кој изгледа несмасно долг, а други велат дека и косата на малиот Арчи е „додадена“.

На фотографијата косата на малечкиот е речиси иста како косата на неговиот татко, а тоа сметаат корисниците на социјалните мрежи е невозможно без фотошоп. Коментарите на Твитер се немилосрдни кон кралската двојка:

„Му ја фотошопирале косата, ја смениле и бојата, и додале коса и на неговиот ќелав татко“

„Срамота, ова не е чесно“

„Уживајте, ова е тежок фотошоп, ова мало до неодамна имаше кафена коса“.

„Дали е можно да сте користеле фотошоп за фотографијата?“

Првата фотографија од бебето Лилибет Дијана: Принцот Хари и Меган Маркл ја објавија новогодишната честитка од нивното семејство

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот