ФОТО | Кит Урбан за бракот со Никол Кидман: Тоа ми е најголемото достигнување во животот!

Никол Кидман и Кит Урбан
EPA-EFE/LUKAS COCH AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Кантри пејачот Кит Урбан во подкастот „Living & Learning with Reba McEntire“ изјави дека венчавката со Никол Кидман му е едно од подобрите достигнувања во животот.

Тој се изјасни дека врската со Никол му била пресврт во животот и причина да остане трезен. Пејачот кој е четири пати наградуван со Греми,  се појави на подкаст во понеделникот и беше запрашан што е неговото најголемо достигнување во животот, на што тој одговори:

„Има многу нешта. На пример, да се ожените со вистинската личност за вас. И од вистински причини. Отрезнувањето пред 15 години, огромен пресврт во мојот живот“

Тој изјави дека никогаш немал конкретна цел да станува популарен, едноставно сакал да живее во Нешвил, да пишува песни и да се надева дека радиото ќе ги пушта тие песни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Keith Urban (@keithurban)

Пејачот на групата „Wild hearts“ и австралиската актерска ѕвезда Никол Кидман прославија 15 години од бракот овој јуни. Имаат две ќерки, Сандеј Роуз и Фејт Маргарет.

И Никол Кидман во една прилика објасни како знаела дека Кит е „вистинскиот за неа“.  Во интервјуто со Џими Фелон, кога ја прашал како знаела дека „тоа е тоа“, таа изјави:

„Беше на прагот на мојот стан во Њујорк. Излегов во 5 наутро, ми беше роденден, а тој стоеше на вратата со цвеќе. И тоа беше тоа.

Никол Кидман и Кит Урбан повторно во улога на родители: Конечно им се исполни желбата! (ФОТО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот